Македонија
5. September 2022 - 16:47

Владата си зацрта цел - Членство во ЕУ до 2030 година

Македонија во ЕУ до 2030 година. Проценките на Владата се направени, целта е поставена. До полноправно членство во Унијата за осум години отсега, Македонија се надева дека ќе стигне преку ревидиран домашен пристап.

Се воспоставува нова структура за преговори за пристапување, во која вицепремиерот Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, но и странски чинители.

“Да завршиме преговори до 2030 год...” изјави Ковачевски

Овој нов преговарачки пристап е клучен чекор во нашата евроинтеграција, оценува Маричиќ. Подгответе се, им порача вицепремиерот на институциите и на администрацијата, бидејќи следува динамичен период.

“Ќе имаме адресирања на бројни аспекти и на бројни теми во рамките на кластерите...Пред нас е тешка задача, но оствралива...” изјави Маричиќ

По 17 години кандидатски статус, Македонија ги почна преговорите на 19 јули со одржување на првата меѓувладина конференција во Брисел.

Земјава сега е во процесот на т.н скрининг на законодавството, но за отворање на преговрачките поглавја ќе бидат потребни уставни измени на барање на Бугарија.