Владата работи на процесот за изработка на стратегија за паметна специјализација за истражување
Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за образование и наука Арбер Адеми беа домаќини на високата делегација од Генералниот директорат на Здружениот истражувачки центар на Европската Комисија.
Согласно потпишаниот документ во Трст во 2017 година, Владата во јануари лани донесе одлука за започнување на процес за изработка на стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации.
Со тоа, Владата се приклучи кон иницијативата на Европската унија за иден економски развој и трансформација на регионите базиран на домашни истражувачки и иновативни потенцијали како главни двигатели на конкурентноста на регионална и глобална сцена.
– Стратегијата за паметна специјализација е главен услов за користење на европските фондови, како и задолжителен предуслов за користење на структурните фондови. Во основата на паметната специјализација е детектирање на клучни области, активности и технологии во кои земјата остварува компаративни предности, а за кои истражувањето и иновациите се клучен фактор за зајакнување на економијата и конкурентноста на глобалниот пазар. Во таа насока, работна група и експертски тим во соработка со странски експерт, изработија мапирање на економските, научните и иновативни потенцијали на земјата, кој финансиски го подржаа ЕУ и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), појаснуваат од Владата.
Ново на Сител
-
Активни три пожари, еден е под контрола, а 17 се изгаснати
-
Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид
-
Народната банка и Централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети
-
Муцунски на средба со Македонците во Литлхамптон: Заедно градиме посилни врски и подобра држава
-
Одржана средба во Брисел за железничкиот Коридор 8
-
Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак
-
Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
-
Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини