Македонија
2. September 2015 - 19:10

Владата продолжува со решавање на проблемите на граѓаните

Експресно се решаваат посочените проблеми од страна на граѓаните при средбите со премиерот Груевски. По решавањето на повеќето проблеми на жителите во мавровско-реканскиот крај, при што беа ангажирани повеќе владини институции, Владата на вчерашната седница продолжи да ги разгледува посочените сугестии.

По барањето на жителите на Жировница да добијат паркинг плац на локација каде се наоша објект на МВР, на последната седница владата одлучи на локалната самоуправа и граѓаните да им дозволи да го уредат посочениот простор на начин на кој тие сметаат дека е најдобар.

И жителите на Студеничани кои на премиерот му се пожалија дека имаат проблем со снабдување со огревно дрво, добија решение на нивниот проблем.

Веќе е објавен оглас за ангажирање на 75 лица кои ќе работат како секачи и дотурачи на определено време до крајот на годинава, а на уште 252 лица ќе им биде продолжен договорот.

Ваквата мерка, ќе го реши проблемот.

Решен е и проблемот на жителите на селата и сопствниците на приватни шуми кои претходно не можеа да добијат дозволи за сеча.

Владата и премиерот Груевски секојдневно се на терен каде ги пронаоѓаат и решаваат проблемите на граѓаните.