Македонија
14. September 2020 - 21:32

Владата пресече: Од 23 септември сите на работа, исклучок само кај дел од хронично болните

Немојте луѓе многу е страшно треба само да поминува улица или само да остане дома. Мора да преземеме несто, протест, писмо или слично. После, недај боже ќе биде доцна...Јас немам сервис баба и дедо да ми го носат, земаат и чуваат детето, и сега??Кај да го оставам, кој ќе го земе од школо??А оние пак кои имаат баби и дедовци и ќе ги земаат своите вницу, нели се директно загрозени од можноста преку дете да фатат вирус...ова се само дел од бројните коментари на родители по социјалните мрежи, револтирани од денешната владина одлука – сите кои изминатите 6 месеци по разни основи беа ослободени од работни обврски, да се вратат на работа наредната среда. Единствена отстапка ќе има кај хронично болните кои ќе можат да продолжат да бидат на боледувањ ена неопределн овреме доколку имаат влошување на состојбата или малигна болест со наод и мислење од специјалист.

Владата не ја прифати во целост препораката на Комисијата за заразни болести продолженото породилно отсуство да трае до крајот на годината, па со денешната одлука сите мајки кои ја користеа оваа мерка се враќаат на работа на 23.

Нема повеќе мерки и за родителите на деца до 10 годишна возраст кои ќе мора да работат без разлика дали детето ќе следи онлајн настава или со физичко присуство во училиште.

Со работа наредната среда ќе почнат и родители на деца до 6 годишна возраст со образложение на Владата дека сега градинките се отворени и има каде да им бидат згрижени децата.

За да има поголем капациетет во детските установи, Владата го промени протоколот на Комисијата за заразни болерсти за функционирање на градинките во услови на пандемија – Наместо 6 деца во групите со дечина до 2 годишна возраст како што е сега, капациентот ќе биде дуплиран и ќе згрижуваат 12 деца. Министерството за труд и социјална политика трерба да ги извести овие установи да продолжат со нови приеми и уписи и доколку имаат потрерба од дополнителен пшросторен капацитет да побараат помош од локалната власт.

Епилогот е дека се укинуваат сите мерки, сите се враќаат на работа освен учениците кои ќе следат он лајн наста. Само оние од 1 до 3 то одделение можат да посетуваат настава со физичко присуствои, но по избор на родителот.