Владата препорача, бизнисот прифати - 24 април и 8 мај нема да се работи
Владата препорача, дел од бизнисот веќе прифати- 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови. Граѓаните ќе бидат ослободени од работни обврски на денот за избор на претседател и пратеници во Собранието. На вчерашната седница одлучено е адмнистрацијата да не работи, додека за приватниот сектор владата донесе само препорака. Од Организацијата на работодавачи велат – ќе ја почитуваме препораката, под услов да се одработат овие денови.
Најлошо би било, мислам дека постоеја некои години кога Владата носеше преопорака за неработен ден, а не предвидуваше да се одработи. Ние ќе ја прифатиме оваа препорака, нема да работиме, со тоа што ќе мора да се одработи. Во спротивно тоа би значело нова давачка од бзинисот за државата изјави Ангел Димитров, Оргаинзација на работодавачи.
Дали препораката од владата сепак може да направи проблем во изборниот процес. Наместо поголема излезност, да нема кој да гласа во државата?
Гласањето е слободна, демократска одлука, право на избор. Не е законска обврска да мора да се зилезе и да се гласа, туку слободна воља и избор на граѓаните. Така што никој не би замерил ако наместо на галсање си зманеи во Солун или на друго место. Некои луѓе се неопределени, некои се разочарани од политиката, така што, гласањето е право на избор, додава Димитров
Прв пат оваа година учениците ќе имаат пролетен распуст, од 29 април до 6 мај. Поради велигденските празници нема да се работи ни на 5 и 6 мај. Неработните денови за гласање може дополнително да ја продлжат училишната година, но конечна одлука од МОН најавија по изборите.
-
Наташа Меровска
Сите содржини од овој новинар