Македонија
13. October 2022 - 16:44

Владата потврди дека се бара отштетата за клинички, правен тим ќе преговара најповолно решние

Има ли доволно буџет Министерството за здравсто да ги плати пеналите за неизградениот клинички Мајка Тереза.? По објавата на Сител дека Италијанците бараат 8.5 милиони евра отштета за раскинатиот договор, во МЗ денеска без многу информации на оваа тема. Исто како и вчера не известија дека правен тим работи на случајот и бараат решенија. Побаравме став и од  Беким Сали кој кратко ни одоговори дека ќе ги повикаат адвокатите од канцеларијата во Милано да видат што бараат и што застапуваат. Вакво задолжение министерот добил од премиерот Ковачевски.

-Го повикав министерот за здравство сегашниот и побарав да биде формиран правен и адвокатски тим и да стапат во контакт со компанијата да видат што бараат. Кога ќе ги добиеме информациите ќе знаеме што е конкретно, иако, да повторам, кога го раскинувале договорот кажаа дека е раскинат без плаќање на пенали, изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.

Адвокатските застапници на италијанската фирма годинава двапати испратиле допис во Министерството за здравство а Сител дојде до вториот испратен во септември.

--Ве информирам дека Инсо го има правото за искористување на сите правни дејствија кои стојат на располагање заедно со партнерите на Инсо со цел од вас да добие исплата на отштета за загуба и штета која е настаната поради раното раскинување на договорот од ваша страна, пишува во писмото од адвокатската канцеларија.   

Договорот со италијанската компанија го потпиша Никола Тодоров како технички министер во 2017 година а е раскинат следната година од министерот Филипче кога здравствените власти тогаш кажаа дека фирмата нема да бара отштета бидејќи имало таква точка во договорот. Меѓутоа така не вели и адвокатскиот тим на италијанците кои бараат милиони евра за исплата на пенали а министерството за здравство во време на економска криза ќе треба да даде многу пари за ништо.