Македонија
2. October 2023 - 16:33

Владата почна постапка за поставување споменици на бранителите на Карпалак, Вејце и во Љуботенски бачила

Три споменици за загинатите бранители, уште еден музеј за припадниците на ОНА во Арачиново. Октомври ја стартуваше сезоната на споменици од воениот конфликт

Од одбрана информираат дека постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце е започната.

По повеќемесечните противења на градоначалниците да ја прифатат ваквата иницијатива, Владата на претходната седница ги задолжи институциите местата за изградба на овие споменици да му бидат доделени на министерството за одбрана.  

 22 години по конфликтот од Достоинство велат дека е крајно време бранителите да добијат спомен одбележја.

Истовремено првиот човек на Арачиново најавува изградба на нов музеј посветен на ОНА. Деталите ќе бидат познати отккао ќе се избере локацијата.

Ако Ибрахими го реализира ова ветување ова ќе биде втор музеј во Арачиново и 5то одбежје на ОНА во Македонија.

Во Арачиново и во 2005 година бесправно беше изграден меморијален центар за загинатите припадници на поранешната ОНА. Музеј на борците на ОНА или како што е именуван музеј на слободата во 2008 година беше отворен во куќата на Јашар Бег во скопски Чаир, додека пак, како дел од одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, во 2012 година во Слупчане беше отворен музејот посветен на конфликтот во 2001 година и на ОНА. Минатата година во Слупчане беше откриена спомен кула во чест на поранешните припадници на ОНА, вредна 200 000 евра