Македонија
21. September 2022 - 16:39

Владата остава општините да се снајдат за сметките на училиштата - дали ова значи дека зимата децата ќе ја поминат дома?

Владата ја префрли топката кај општините, пари за струја и греење сами да обезбедат. За проблемот со кој се соочуваат училиштата, воопшто не било дискутирано на последната владина седница. Немаат информација ниту зошто МОН не размислува да ги зголеми блок дотациите за општините.

Ако не се најде решение, сметките ќе ги остават без плата наставниците, алармираат  голем број градоначалници.

Директори на основни училишта, јавно се пожалија дека веќе се во долгови и имаат по неколку  заостанати сметки за струја и греење. Од МОН нема информација какви се плановите за оваа зима, но потенцираа дека училиштата ќе бидат последни кои ќе затворат.