Македонија
3. May 2019 - 16:20

Владата оптимист дека во јуни може да се донесе одлука за почеток на преговори со ЕУ

Оптимистички се очекувањата на владата дека земјава ќе добие датум за преговори со Европската унија.

Вицепремиерот и министерот за надворшени велат дека сигналите кои ги добиле од Берлинскиот самит се охрабрувачки.. Сметаат дека резултатите кои ги постигнала државата не може да ги занемари ниту една земја членка.

И премиерот Заев смета дека достигнувањата од изминатите две години ќе придонесат земјата да зачекори по европскиот пат.

Очекувањата на Скопје и Тирана за добивање датум за преговори со Европската унија се најдоа во фокусот на Фајненшл тајм.

Весникот во статија со наслов „Балкански соништа“ наведува дека двете држави внимателно следат дали Германија и Франција ќе попуштат пред нивното традиционално противење за членство на нови земји во унијата.