Loading Video...
Бизнис
31. July 2021 - 16:36

Владата одобри помош за рестораните, туристичките агенции и дискотеките, експертите велат дека времето е погрешно

Владата одобри милиони евра помош за над 100 ресторани за свадби, 17 ноќни клубови и за околу 260 туристички агенции. Најмногу средства ќе добијат организаторите на прослави. Експертите велат помош треба да има, но сега не е вистински момент да се доделуваат овие пари. Сметаат дека мора да се штеди затоа што се уште не се знае што ќе донесе есента за кога се најавува нов бран.

Според Реџепи овие сектори беа најпогодени од пандемијата, но во моментов фунцкионираат, а откако ќе помине есента ќе се добие јасна слика кои дејности ќе бидат приоритед да бидат поддржани.

Според одлуката на Владата рестораните за прослави ќе добијат 840 илјади евра, над 130 илјади евра ќе добијат ноќните клубови, а близу 830 илјади евра ќе им бидат доделени на 260 туристички агенции. За ваучери за работниците со ниски примања, одобрени се дополнителни 370 илјади евра.