Македонија
6. October 2021 - 16:42

Владата очекува решавање на проблемите низ институционална постапка, за опозицијата нападот е срам за државата

Молк од ДУИ, осуда од останатите политички партии за синоќешниот напад на синот на Муса Џафери врз првиот човек на Регулаторна, Бислимовски.

Вицепремиеророт задолжен за борба против корупцијата и генералниот секретар на СДСМ  Љупчо Николовски, на својот ФБ статус напиша:

-Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот.

Кога СДСМ и ДУИ не можат да ги поделат бизнисите, делат тупаници, реагираа од Од ВМРО ДПМНЕ. Според нив, ваквото делење тупаници среде главниот град е срам за државата.

-Марко Бислимоски е поранешниот член на партиската комисија за енергетика во СДСМ. Муса Џафери, чиј што син дели тупаници низ Скопје е функционер во ДУИ. Обвинителство да ги повика да кажат што делат, што множат двајцата од власта. Да се истражи не само тепачката туку и мотивите за тепачката. Ова е брука за институциите, изјави Марија Митова од ВМРО-ДПМНЕ.

Сител побара став и од ДУИ, чиј поранешен член, некогашен министер и вицепремиер беше Муса Џафери. Дали го осудуваат ваквиот напад, од Демократската Унија за интеграција, не добивме одговор.