Владата очекува преговори на есен, нема страв од заканите на Софија
Додека се очекува преговарачката рамка од Европската унија, Македонија ги подготвува и своите стартни позиции во процесот. Предводникот на владиниот тим очекува овој документ да биде дефиниран на почетокот на јуни, а преговорите официјално да стартуваат до крајот на годината. На овој пат Маричиќ не очекува пречки од Бугарија, отворените прашања треба да се решаваат во рамки на историската комисија.
Иако техничката влада според Маричиќ покажа капацитет да го води процесот, сепак за земјава ќе биде многу подобро доколку преговорите се стартуваат со стабилна политичка влада и функционално собрание. Консензус со опозицијата ќе биде потребен во целиот процес бидејќи преговорите ќе траат многу повеќе од 4 години.
Политичка наместо техничка влада е ставот и на директорката на Институтот за европска политика. Симонида Кацарска појаснува дека прашањето за јазикот може да биде отворено во рамки на преговарачките поглавја.
И Маричиќ и Кацарска се со единствен став дека времетраењето на преговарачкиот процес ќе зависи од напредокот на замјава. Реален рок Македонија да стане официјална членка на европското семејство е до крајот оваа декада.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар