Владата очекува осумте пратеници да останат на своите ставови за промена на Уставот

Премиерот Зоран Заев се надева дека поддршката од осумте пратеници за измени на Уставот ќе продолжи и покрај притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков.
Одговарајќи на новинарско прашање дали притворањето на овие тројца функцонери од ВМРО-ДПМНЕ го доведува во прашање процесот на помирување, со оглед на тоа дека пратеници од независната група најавија дека има можност да не го дадат својот глас за промена на Уставот, Заев смета дека во фазата која следува за промена на Уставот е потребно просто мнозинство и дури во јануари ќе биде потребно двотретинското мнозинство.
-Јас на овој процес во парламентот гледам како на политички дијалог и гледам на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите ставови, заради тоа што процесот како тече дискусијата за нацрт-амандманите на Уставот инклузивноста ќе заврши јавната дебата по втората пленарна седница, која е планирана на 1 декември и ќе ги соопштиме амандманите по кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденот на опозициските дискусии и предлози во самите уставни амандмани, што според мене ќе значи потврдување на довтретинското мнозинство, па дури и негово зголемување, рече премиерот Заев.
Додаде дека тоа е само негова надеж, а испрати порака дека правото и правната држава, владеењето на правото се императив во Република Македонија и дека не треба да има никакво мешање во правосудството.
-Понекогаш правосудните органи, Јавното обвинителство, СЈО и судовите гледајќи ја својата работа веројатно влијаат некако на политичкиот процес, но јас верувам дека сите ќе се носиме со оговорноста што ја имаме, пред се, ние полиичарите, делот на парламентот, поради тоа што ова е неповратен процес, којшто нуди шанса која не треба да се пропушти и верувам дека Македонија ќе изнедри сила буквално сите процеси паралелно да течат без еден на друг да направат штета во воспоставувањето и исполнувањето на конечната цел во парламентот, тоа се уставните амандмани и членството во ЕУ и НАТО, а во правосудството секако е владеењето на правото, независноста на судството и одговорноста на секој што погрешил пред законот или потврда дека нема докази за било кој што не погрешил, смета претседателот на Владата.
Одговарајќи на прашање дали разговарал со осумте пратеници по апсењето на Мијалков, Заев рече дека со некои од нив има воспоставено контакти и разговарале, но тоа било во функција на продолжување на дебатата внатре во Парлментот.
Пленарната седница почнува на 1 декември, а по неа треба да почне и јавната дебата по предложените уставни измени. Смета дека во овој процес ќе се дознае колку опстојува двотретинското мнозинство, дали се намалува или се зголемува.
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
