Владата обезбеди 284,9 милиони денари за поддршка на нови 1216 вработувања во реалниот сектор
Владата на денешната 119-та редовна седница го разгледа и прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.
Со ревидираниот Оперативен план, како што информираат од владината прес-служба, обезбедени се дополнителни средства за активни програми и мерки за вработување со ребалансот на Буџетот во износ од 284.960.000 денари за да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории, како што е предвидено со Акциски план за реализација на препораките од заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог од јули 2021 година.
-Од вкупно предвидените средства за оваа намена 36.900.000 денари се наменети за Програмата 1, односно за поддршка за самовработување (претприемништво) за дополнителни 115 самовработувања; 153.750.000 денари за мерката за субвенционирање на плати за 674 дополнителни невработени лица; за имплементација на нова пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор во Источниот плански регион за 300 невработени лица во висина од 73.800.000 денари, како и 15.289.200 денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 дополнителни вработувања, информираат од Владата.
Со овие измени и дополнувања, со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, додаваат, ќе се зголеми опфатот на корисниците на програмите за вработување за 1216 невработени лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
