Македонија
24. July 2021 - 16:57

Владата не може да утврди одговорност но ќе ја почитува одлуката на УНЕСКО

Се уште неизвесeн статусот на Охридскиот регион. На 44 тата сесија во Кина три дена природното и културното наследство е под лупа .Комитетот за светско наследство на УНЕСКО вчера  го одложи гласањето поради немање консензус помеѓу делегациите за тоа дали оваа локација треба да се најде на листата на светско наследство во опасност.

Премиерот Заев најави дека независно каква ќе биде одлуката истата ќе се почитува посочувајќи  дека  главната цел е да се извлече поука од ситуацијата која го довела Охрид да биде тема на дискусија на состанокот на УНЕСКО, да се поправат грешките, а притоа регионот да се развива.

На прашањето дали се лобирало за да се добијат дополнителни рокови за исполнување на препораките посочени од УНЕСКО, Заев рече дека се работи за одлуки што ги носат професионалци, експерти во областа.

Градоначалникот Георгиески истакна дека ќе продолжат да ги имплементираат  препораките посочени во извештаите на Реактивните мисии на Комитетот за светско природно и културно наследство.

Георгиески најави усогласување на деталните урбанистички планови и продолжување на акцијата за рушење на дивоградбите долж езерото веднаш по завршувањето ан летната туристичка сезона.