Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата.
- Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај на дизелот и безоловните бензини се движеше меѓу 1.000 и 1.200 долари за барел. Преговараме со „Окта“ да видиме како ќе биде. Можеби од таму да добиеме дополнителен попуст барем за првата половина на јуни. Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денара, 6 до 6,5 денара. Отприлика ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како како ќе направи пресметка регулаторно, истакна Мицкоски.
Според него, три месеци периодот беше динамичен, но Владата ја задржа ценовната стабилност.
- Граѓаните не почувствуваа ниту во еден момент какво било ограничување кога станува збор за снабдување со нафта и со бензини. Истовремено, притисокот врз нашите бензински пумпи беше огромен. Имаше денови кога 50-тина проценти беше зголемен од вообичаено, имајќи предвид нормални, регуларни денови. И кога сето ова ќе се ќе се заокружи, ние и денеска, односно и она што го очекуваме во понеделник, ќе останеме држава со убедливо најниски цени на на горивата, односно на на дизел горивото и на бензините. Ако се оствари оваа наша калкулација како точна, бензините би останале или иста цена или половина денар би поскапеле, а дизелот би поевтинил за 6 до 6,5 денари по литар. Така што, остануваме и понатаму посветени на подобрување на стандардот на граѓаните, потенцира премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
-

ИРГЦ нападна американски воени бази во Блиски Исток
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
