Владата на САД контра Трамп: Климатските промени предизвикани од човечкиот фактор

Последниот извештај на американската Влада покажува дека брзите климатски промени се предизвикани, речиси сигурно, од делувањето на човекот, што е во спротивност со тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Климатските промени се реални, тука се и ние ги предизвикуваме, се наведува во последниот, најобемен извештај на повеќе од 50 американски научници.
„За затоплувањето во изминатиот век, не постојат уверливи алтернативни објаснувања освен дека се предизвикани од човечкиот фактор, посебно преку емисијата на стакленички гасови“, се наведува во извештајот објавен синоќа.
„Идните темпаратури многу ќе зависат од количеството јаглерод диоксид емитуван во атмосферата, се истакнува во извештајот кој по барање на Конгресот се изработува на секои четири години од страна на научници од владините тела, како што се Агенцијата за заштита на околината и Националната управа за океани и атмосфера.
„Глобалните просечни нивоа на морето ќе пораснат најмалку неколку сантиметри во следните 15 години поради зголемувањето на температурите“, се прецизира во извештајот.
Трамп тврди дека климатските промени се измислица, а во јуни најави повлекување на САД од Парискиот договор за климата.
- Администрацијата поддржува строга научна анализа и расправа и ја поттикнува јавноста да го коментира нацрт-документот денеска објавен, изјави портпаролот на Белата куќа.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
