Владата на Меркел денеска треба да го одобри вториот дополнителен буџет против ефектите од коронавирусот
Владата на германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да го одобри вториот дополнителен пакњет со помош (буџет) од 62,5 милијарди евра, во обид да се избори со економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, јави ДПА.
Со потегот владата го исполнува вкупниот планиран дефицит за 2020 година во износ од рекордни 218,5 милијарди евра, а доаѓа по почетниот дополнителен буџет од 156 милијарди евра, што беше усвоен на крајот на март, наведува германската агенција.
Овој развој на настаните претставува досега најголемо масовно фискално свртување на германската Влада – од земја која се гордееше со својот избалансиран буџет до еден од најголемите потрошувачи во еврозоната во обидот да се избори против економските последици од пандемијата.
Долгот во 2020 година ќе биде пет пати поголем од 2010 година, што е најлоша година од сите претходни финансиски кризи.
Овој потег на владата уште ќе треба да биде одобен и од Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот, дополни ДПА.
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово