Владата ќе расправа за штетите од невремето и стратешките приоритети во 2018.
Владата на Република Македонија денеска во 17 часот ќе одржи седница на која ќе разгледа информации поврзани со санирањето на последиците од поројните дождови и со причинетите штети на земјоделските култури во ресенскиот и тетовскиот регион.
На дневен ред на 16-тата седница е и Предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година.
Се очекува да бидат донесени и неопходни одлуки во пресрет на активностите предвидени со воената вежба „Dragoon Guardian“ околу влегување и престојување на војска на САД на територијата на Република Македонија заради учество во заедничката вежба.
Владата ќе ја разгледа и информацијата за учеството на Република Македонија на ЕКСПО 2020 ДУБАИ, како и извештајот за извршени преговори, со усогласен текст на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Република Македонија за заемно признавање и замена на возачки дозволи во двете земји.
На денешната седница се и предлози и одлуки за кои Владата дава мислење по барање на Собранието на Република Македонија, а кои се однесуваат на годишните извештаи и планови на повеќе агенции, регулаторни тела и јавни претпријатија.
Пред министрите, како што соопшти владината прес- служба, се и предлози за одредени кадровски и други прашања во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведен 49-годишен битолчанец баран со потерница
-
Груби: Убеден сум дека пописот во април ќе се одржи
-
Димовски: Законот за попис е резултат на претходно договорени работи помеѓу партиите од власта
-
Почнува постапката за прераспределба на рамковните административци во 237 институции
-
Почина актерот Љупчо Тодоровски - Упа
-
Анкета за бројот на лица во старските и во домовите за лица со посебни потреби заради планирање на вакцинација против Ковид-19
-
Љупчо Ѓурчиновски нов полициски командир на ПС „Центар“
-
Митева: Каевски да одговори како го стекнал имотот во 2020 година