Владата ќе ја одржи 141. седница

Информацијата за испраќање на републички сили за заштита и спасување на меѓународната вежбовна активност за менаџирање на итни ситуации што ќе се одржи во Ниш, ќе биде разгледана на денешната 141. седница на Владата на Република Северна Македонија.
Меѓународната вежба во Ниш ќе се одржува од денеска до четврток и е во организација на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Република Србија и Министерството за цивилна одбрана на Руската Федерација.
На денешната седница, министрите ќе бидат информирани и за збирниот извештај за настанатите штети од елементарните непогоди што во 2018 година ги зафатија општините Арачиново, Богданци, Валандово, Врапчиште, Делчево, Лозово, Могила, Прилеп, Ресен и Свети Николе.
Владата ќе ја разгледа и Информацијата за текот на процесот на апликацијата за Националната франкофонска иницијатива за периодот 2019-2022 година, во Меѓународната организација на Франкофонијата, а министер без ресор за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите, ќе информира за преземените активности во врска со реализацијата на активностите од Стратегијата за Роми 2014-2020.
Ново на Сител
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
