Владата ќе ја одржи 14. седница
Владата денеска ќе ја одржи редовната 14-тата седница, на која меѓудругото, ќе бидат разгледани информацијата за програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија, како и извештајот од анализата на нацрт-стратешките планови на министерствата и другите органи на државната управа од аспект на формата, содржината и нивната усогласеност со стратешките приоритети во Владата во 2022 година, подготвен од Генералниот секретаријат на Владата.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, пред министрите ќе се најдат и повеќе предлог програми за работа за тековната година, меѓу кои предлог-програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој, предлог-програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година, предложени од ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На предлог на Министерството за локална самоуправа е изготвена тригодишната предлог-програма за спроведување на Стратегијата за регионален развој 2021-2024.
На денешната седница пред министрите ќе се најде и информацијата за предлог структури и Акциски План за воспоставување на систем за индиректно управување од страна на Република Северна Македонија со ИПА средствата согласно барањата од Регулативата за имплементација на новиот инструмент за претпристапна помош (ИПА 3) за годишната акциска програма за 2022 година.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, информираат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
