Владата ќе издвои 54 милиони денари за здравствените работници ангажирани околу Ковид-19
Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19. Средствата ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава, соопшти Министерството за здравство.
Овие 54 милиони, како што се посочува, се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот „Ремдесивир“, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи.
Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан наредните денови, со што ќе почнат да се реализираат четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија, информираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО