Бизнис
22. October 2018 - 19:27

Владата ќе исплати 51% од долговите на општините

Државата ќе им помогне на општините да исплатат повеќе од половина од долговите. Мерката ќе помогне прво за оптшините да ги намалат обврските, а второ фирмите доверители ќе си ги добијат парите што ќе придонесе за раздвижување на економијата.

Јавниот сектор заклуно со 30 септември должи 307 милиони евра, а 81,3 милиони од овие пари е долг на општините. Со ребелансот на буџетот Владата ќе финансира 48,78 милиони евра за раздолжување на локалните самоуправи. За да не се повтори трупање на долгови и во наредниот период општините ќе добијат ограничување при прокеирањето на буџетите во иднина.

Владината помош ќе им помогне на општините во иднина полесно да функционираат, што значи дека пари за целосно отплаќање на старите долгови ќе треба сами да обезбедат.

Нај задолжени оптшини се Охрид Тетово Куманово и Карпош. Парите за раздолжување се обезбедени од неискористените пари за капитални прокети.