Македонија
4. јуни 2019 - 15:20

Владата ќе ги награди ракометарите на Вардар со 600 илјади евра

Награда од 500.000 евра ќе им додели Владата на ракометарите на Вардар за освојувањето на Лигата на шампиони, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев по денешната средба со европските шампиони.