Владата ќе достави до Собранието Предлог-одлука за продолжување на рокот на кризната состојба за уште шест месеци
Владата ќе достави до Собранието на Република Македонија Предлог-одлука за продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните шест месеци, односно до 9 јуни 2022 година.
На денешната 123-та седница на Владата, што се одржала преку интернет комуникациска врска, бил утврден текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
– Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.
Ново на Сител
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски