Владата ја усвои информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки

Владата, на денешната 148 седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, која се однесува на првиот квартал од 2019 година.
Како што информираат од владината прес-служба, задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да доставува до Владата информации за извршените контроли за квалитетот на детските играчки, како и Инспекторатот да спроведе вонредна масовна контрола за квалитетот на играчки коишто се продаваат на територијата на нашата држава.
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба и опремување детска градинка во општина Илинден. Задолжено е Министерството за труд и социјална политика, во Буџетот за 2020 година да предвиди финансиски средства во износ од 6.082.003,00 денари за машински инсталации и набавка, испорака и монтажа на опрема за градинката, со што ќе се овозможи нејзина функционалност за потребите на децата во општината.
Владата ја разгледа и Информацијата за финансиска поддршка и финансиски средства за санирање штети на училишни згради во Oпштина Ресен, причинети од невремето на 10 јули оваа година, при што е задолжено Министерството за образование да направи санирање и обештетување на штетите на училишните објекти поради невремето, од средства од сопствени програми.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
