Македонија
18. August 2017 - 16:56

Владата итно ќе започне постапка за избор на нов обвинител - Кои се кандидатите кои сакаат да го заменат Зврлевски?

Обвинителката Љиљана Спасовска времено ќе го заменува разрешениот Марко Зврлевски, додека не биде избран вршител на фунцијата до избор на нов јавен обивнител, соопштија од државното Јавно обвинителство. Изборот е направен врз основа на годишниот план во обивнителството според кој во случај на спреченост или отсуство периодов Зврлевски го заменува токму Спасовска.  Од Советот на јавните обвинители, пак, велат дека времен функцинер до избор на нов државен обвинител ќе постави наредната недела од редот на обвинителите во ЈОРМ.

Од друга страна, од Владата соопштија дека веќе во вторник започнува процедурата за избор на нов јавен обвинител. На првата наредна седница, како што соопшти владиниот портпарол, на дневен ред ќе се најде предлог заклучок со кој од Собранието ќе се побара да распише оглас за избор на нов јавен обвинител.

Она што отвара дилема околу процедурата е дали изборот на обивнител може да се направи пред одржувањето на локалните избори на 15 октомври, што всушност беше спорно и при разрешувањето на Зврлевски. Антикорупциската комисија децидно се изјасни дека секој избор или разрешување на функцинер, вклучително и на обвинител, од страна на Собранието, во предизборие е незаконско. Од Владата немаат конкретен став за ова, но сепак ја почнуваат процедурата.

Талат Џафери не ни одговори на прашањето дали тој би го распишал оглас веднаш откако во вторник би бил донесен владин заклучок за тоа.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак стојат на ставот дека Зврлевски е незаконски разрешен со цел Заев да попстави за него подобен обвинител

Во меѓувреме, имињата кои се споменуваа како наследници на Зврлевски, ни потврдија дека влегуваат во трката за јавен обивнител.  Така поранешниот судија и јавен обвинител Александар Наков во интервју го најави своето кандидирање пред повеќе од еден месец. Кандидатура поодмана најави и адвокатот Звонко Давидовиќ. Тој, како што вели, конкурира со своето искуство во кривичнотот право и тоа што од 2008 година ги следи состојбите во судството и ги критикува аномалиите.

За обвинител потврди дека ќе конкурира и адвокатот Александар Тортевски, кој е и советник во обвинителство на Катица Јанева. Потврда добивме и од нотарката во Куманово Лорија Ваневска.

Од друга страна во јавноста проструија информации дека за местото Јавен обвинител ќе конкурира и Албанец кандидат, се споменуваат имињата токму на Бајрами, но и на младата специјална обвинителка Фатиме Фетаи.