Владата итно ги решава проблемите на жителите од реканскиот крај
Во реканскиот крај интезивно се работи на решавање на проблемите на населението. Веднаш по посетата на премиерот се решија барањата на жителите за издавање на пасошите и здравственото осигурување на печалбарите. Деновиве на терен се машините за санирање на патот до населено место Новак. И ова беше дел од барањата на реканци од разговорите со премиерот.
Согласно договореното екипите на Македонија Пат работат на овој патен правец а жителие брзата интервенција ја поздравија со големо задоволство.
Задоволни и жителите од Косоврасти. Дадениот збор од премиерот за решавање на свлечиштетото и карпата веќе дава резултати. Професори и владини претставници извршија увид на посочените места од населението кои ги означија како потенцијално опасни за појава на свлечишта и одрони.
Во меѓувреме на клучката за влез во Жировница се постави јавно осветлување на патот. Жителите на ова населено место задоволни од брзата реакција по договореното со премиерот. По неговата посета велат изминативе денови интезивно се работи во реканскиот крај.
Реканци ги поздравија напорите на премиероот и институциите кои веднаш се фатија за работа по посетата во овие населени места. Директните средби на премиерот со жителите велат е доказ за посветеноста на Владата за решавање на проблемите и остварување на ветениот збор.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
