Владата и СОНК се договорија - еве колку ќе се зголемат платите во образованието
Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на денешниот состанок договорија зголемување на платите во образованието.
- После повеќе од 3 часа би рекол тешки и макотрпни преговори со министерот за образование и наука, со министерот за труд и социјална политика, секако и премиерот од страната на Владата, а и ние за волја на вистината бевме појачани со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати извршивме сериозни анализи на нашите барања кои беа доставени до ресорните министерства од една страна и од друга страна аргументите на Владата и на министерставата во однос на нашите побарувања сепак се усогласивме со ставовите каде што во рамките на можностите на државата и во рамките на тоа што во овој момент може да се издвои за зголемување на платите во дејностите на детска заштита во основно и средно образование дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите коешто би почнало од месец јули, најдоцна месец јули со завршувањето на Ребалансот и процесирање на средствата во трезорот, изјави Неделков.
Претседателот на СОНК соопшти дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе биде за 12%.
- Се работи за процент од 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор, додава претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија