Македонија
14. March 2019 - 16:11

Владата и ДИК најавуваат кристално чист изборен процес

Власта ќе направи се за кристално чист изборен процес. По сомнителните брзи гласачи на референдумот лани, вицепремиерот за европски прашања кој денеска имаше средба со Претседателот на ДИК,  вели дека овие избори мора да бидат најчистите досега бидејќи од нив, зависеле македонските интеграции

Првиот човек на ДИК вели дека не очекува проблемите од референдумот да се пресликаат и на претседателските избори.

Дерковски вели дека ДИК е целосно подготвена за спроведување на изборите, а избирачкиот список во кој увидот за граѓаните завршува денеска нема никакви проблеми.

Претседателските избори се закажани за 21 април, а вториот круг ќе се одржи две недели подоцна, на 5 мај.