Владата го утврди Предлог-законот за дополнително усогласување на пензиите

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата денеска на седница го утврди Предлог-Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој, покрај редовното, се предлага дополнително усогласување на пензиите.
Дополнителното усогласување, како што информира владината прес-служба, е поврзано со порастот на минималната плата за повеќе од 15 отсто и порастот на просечната плата за повеќе од 5 отсто.
На овој начин, посочуваат од Владата, вредноста на пензијата се дава можност висината на пензиите да расте со вредноста на платата, што овозможува подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.
Владата денеска ја разгледа и усвои и информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година, со план за спроведување на територијата на целата земја и ќе биде насочена кон сите млади лица од возрасната група од 15 до 29 години што законски престојуваат во Република Македонија и не се вработени и не се вклучени во образование или обука.
Ова е третата фаза од имплементацијата на оваа мерка која во двете пилот фази по региони даде одлични резултати во процесот за вработување на младите.
Ново на Сител
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
-

Трет состанок на министрите за животна средина од Западен Балкан за Зелената агенда
-

Стомачни вируси се уште ги “мачат” децата поради високите темперaтури
-

Започна штипската „Пастрмајлијада 2026“
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
