Владата ги зајакнува меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните

Се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните. Во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите. Тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метри дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, брифираат од Владата.
Задолжително носење маска, марама, шал или било што за да се покријат устата и носот, од среда во Прилеп, Куманово и Тетово. Целта е да се создадат услови за повеќе движење, а притоа да се гарантира заштитата.
Затоа најпрво ќе се даваат само опомени, дури потоа казни, за што би сакале да нема потреба. Ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна, дополнуваат од Владата.
Целта е да не се даде можност за казни без покритие. Во врска со олабавувањето на рестрикциите на територија на цела држава, тоа ќе се одвива во неколку фази. Се прават планови за да се намали времетраењето на полицискиот час но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метри.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
-

Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат
-

Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени
-

Сончево и многу топло
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
