Бизнис
4. April 2022 - 16:32

Владата ги потврди реакциите на граѓаните, се уште има трговци кои ги кршат мерките за намалени цени

Иако државава воведе мерки за ублажување на ценовниот  шок, и натаму дел од основните производи во маркетите ги нема, а покрај ограничувањата нивните цени растат. Вицепремиерот Битиќи посочи дека во овие кризни времиња има компании кои се општествено неодговорни и уверува дека сите кои ќе работат спротивно на правилата ќе бидат казнети.

Упати порака до граѓаните, да не стравуваат храна има доволно, но дека оваа криза е доказ дека земјава во иднина треба повеќе да произведува.

До 31 мај Владата ги ограничи профитните маржи за основните производи и во трговијата на мало и на големо, додека лебот, зејтинот и брашното се продаваат по набавна цена. Ваквата мерка беше донесена со цел да се заштитат граѓаните од ценовни шокови предизвикани од глобалните проблеми и кризата на истокот.