Владата ги објави мерките за справување со кризата, опозицијата со свои предлог мерки
Пакет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за подобрување на ликвидноста на компаниите. Владата се откажува од ДДВ и од дел од акцизата за храна и енергенси, а преку Развојната банка ќе им помага и на компаниите. Целиот пакет е тежок 400 милиони евра. 90 милиони се откажување од планираните приходи по основ на ДДВ и акциза, отсанатите ќе бидат директни расходи.
Освен намалување на давачките, државата и директно со по 1000 денари во рок од три месеци ќе субвенционира 35000 семејства и пензионерите.
Во делот на енергенсите, ДДВ за струја да биде 5% до крајот на годината, ќе продолжи субвенционирањето за парното, еколошката такса од 3 денари нема да биде воведена, ДДВ за дериватите ќе се намали од 18 на 10%, а Владата ќе се откаже и од дел од акцизата во износ од 1,2 или 4 денари во зависност од берзанските цени со што малопродажните цени на горивата ќе се намалат.
За компаниите, преку развојната банка, Владата ќе ја субвенционира каматата за креитите за фирмите кои ќе ја реинвестираат добивка, ќе обезбеди и бескаматни ркеидти за обртни средства за фирмите во текот на кризата, како и портфолио гаранации за микро и мало компании.
За опозицијата ваквиот пакет мерки е комплициран, затоа партијата повика да бидат прифатени тие што ги рпедложи ВМРО ДПМНЕ.
Премиерот пак апелира пратениците и од власта и од опозицијата да с еоднесуваат одговорно и итно да ги изгласааат измените во законите за ДДВ и акциза за олеснувањата брзо да стапат на сила. Вели дека ја живееме најтешката криза по втоата светска војна, а ова ќе биде тешка година која ќе треба да се премости со вакви мерки, затоа повика и државата и ЈП и граѓаните да штедат енергенси.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар