-->
-->
Владата донесе антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор
-->

Од владината прес-служба информираат дека мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.
Буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила, а ќе треба да го намалат и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство.
Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се задолжени да ги намалат тековните расходи за 15 проценти и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена. Согласно оваа мерка, јавните претпријатија основани од државата и АД во државна сопственост треба ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и да ја информираат Владата во рок од 15 дена.
На регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините им се препорачува да ги следат донесените владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.
– Буџетските корисници и единките корисници со овие мерки се задолжени до крајот на 2022 година, а на општините, јавните претпријатија, регулаторните тела, АД во државна сопственост и останатите субјекти во јавен сектор им се препорачува да ги почитуваат донесените антикризни мерки и да се воздржат од помалку суштинските расходи, се наведува во соопштението од Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период во рамки на Оперативниот план за 2025 година
-
Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп
-
Миланов назначен за делегат на состанокот на Генералното Собрание на WOAH
-
Во недела „ПетФест“ во Паркот на Франкофонијата
-
Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција и на средба со Виктор Орбан
-
Акција за подобрување на водоснабдувањето во Скопје, делумен прекин ќе има во неколку населени места
-
Законот за локална самоуправа на 52. пленарна седница
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток