Владата денеска ќе одржи седница
Владата на Република Македонија денеска, меѓу другото, ќе ја одржи редовната 59-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На денешната седница ќе биде разгледана информацијата за статусот на надградба на системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија за поврзување со Централниот регистар на население.
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација на оваа седница ќе се утврдува текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција.
На дневниот ред на 59-тата седница е и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Страните на Северноатлантскиот договор за безбедност на информации.
Министерството за правда ќе реферира за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија”, а Министерството за информатичко општество и администрација ќе информира за формирањето на Меѓуресорска работна група за меѓусебно усогласување и измена на законите и подзаконските акти поврзани со градење и електронските комуникации.
Редовната 59-та седница на Владата е предвидено да започне во 12:30 часот преку видеоконференциска врска, а за заклучоците и одлуките од оваа седница јавноста ќе биде информирана преку соопштение.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите