Македонија
29. јуни 2023 - 16:33

Владата ангажирала странски адвокати за спорот околу неизградениот Клинички

Странска адвокатска компанија ќе ја застапува Македонија во арбитражната постапка за неизградениот Клинички центар, дознава Сител.  Министрите не избраа од домашните адвокати туку според нашите информации,  со одлука донесена на седница тоа право го дадоа на правници надвор од границите на државата. Иако уште вчера побаравме одговор од Влада кој е правниот тим, од која држава и кои се заклучоците на Координативното тело за арбитражни постапки, се уште не добивме официјална потврда од надлежните. Обврска на странските адвокати ќе биде во судот во Париз да ги застапуваат македонските интереси пред барањето на италијанската компанија за плаќање на пенали чија почетна сума е 18 милиони евра..

Ако милионска сума ќе чини плаќањето во празно и на неизграден објект поради предвремено раскинување на договорот, колку Владата ќе исплати  за ангажирањето на  адвокати од странство. Според информации на Сител, станува збор за позната и реномирана компанија чии услуги се доста скапи.

Помина една година откако италијанската компанија испрати неколку дописи до Министерството за здравство со најави дека бараат отштета за нереализираниот проект. Договорот со нив го склучи Тодоров во 2017 а Филипче го раскина една година подоцна со ветување за нов грандиозен клинички центар.

Сега од здравство не кажуваат ништо повеќе за овој случај со одговор дека истиот веќе е преземен од Координативното тело за арбитражни постапки.