Македонија
10. October 2018 - 17:32

Влада: Зголемената набавка на лубриканти и презервативи е дел од програмата за превенција од ХИВ и СИДА

Зошто Владата со државни пари набавува лубриканти и колку тие навистина штитат од инфекција со ХИВ и СИДА? Овие беа најчестите прашања кои предизвикаа бурни реакции на социјаните мрежи и во јавноста по објавување на огласот за јавна набавка на лубриканти од страна на невладината организација Егал. Надлежните се правдаат дека според програмата за заштита на населението од ХИВ неопходна била таква набавка и дека превентивниот пакет на кондоми со лубриканти го користат во цел свет.

-Тоа е минимум пакет што го користат од Африка до развиените земји како Норвешка, Шведска, Швајцарија и е научно докажан во превенцијата од ХИв, вели Милена Стевановиќ, Национален координатор за ХИВ-СИДА

Националниот координатор за ХИВ-СИДА вели дека повеќе од десет години набавуваат лубриканти за превенција, но досега тоа одело преку Глобалниот фонд а од годинава државата ја финансира целата програма. Парите се зголемени за деветпати а половината од нив оделе за антиретровирусната терапија и бесплатни тестирања.

-Лубриканти перманентно се набавуваат во државата изминатите 12 години. Единствената разлика е што досега други ни ги купувале, а сега државата, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Влада

И додека Владата и здравствените власти тврдат дека е неопходно да финансираат превенција од ХИВ и СИДА, опозицијата со обвинување, зошто државни пари за лубриканти кога болни деца чекаат пари за лекување.

-Голем број дечиња чекаат донации или од СМС пораки за лекување а владата прави тендер за набавка на лубриканти, кој лично е потпишан од Зоран Заев, велиТони Кепевски, ВМРО-ДПМНЕ

Од друга страна, здравствените власти велат дека токму превентивните програми придонеле македонија да има ниска стапка на инфицирани со ХИВ и заболени од СИДА.