Влада: Тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани
Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите.
Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.
Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата.
Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.
Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите.
Ново на Сител
-
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје
-
32 часа работа, 11 пати од Кочани до Скопје возел Илчо од Итна помош кој почина на спиење
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва за настраданите во Кочани
-
На уште едно лице му е определен притвор за пожарот во Кочани
-
Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации
-
Американскиот суд ги блокираше кратењата на Маск на УСАИД
-
Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција
-
Утрово насекаде минусни температури, најстудено на Попова Шапка -13 степени