Влада: Тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани
Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите.
Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.
Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата.
Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.
Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите.
Ново на Сител
-
Приведен 25 годишник, се обидел да избега со „ауди“ и удрил во паркирано возило на МВР
-
Удрен 58 годишен скопјанец со возило, возачот го напуштил местото на настанот
-
Во стабилна состојба е пациентот од Кочани кој се лекува во кумановската болница
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во КБЦ во Загреб, градоначалникот нуди бесплатно сместување за родителите
-
Тешко повреден 65 годишен работник во фабрика во Куманово
-
Млад кумановец ненадејно починал во Kумановската болница, истражната постапка во тек
-
Градоначалникот Коњановски и ректорот Неделковски се потпишаа во Книга за жалост
-
Утре ведро и студено со минусни утрински температури