Влада: Средбата со работодавачите на текстилниот кластер е на нивно барање за да се разговара за развојот на текстилната индустрија

Владата на Република Северна Македонија категорично ги демантира и ги оценува како инсинуации тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за средбата на премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со делегацијата на работодавачите од текстилниот кластер.
Владата информира дека средбата е организирана на барање на работодавачите од текстилниот кластер со цел да се разговара за унапредување на условите за развој на текстилната индустрија.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес-конференција посочи дека до нив стигнале инфомрации дека министрите Царовска и Тевдовски денеска во Владата ги повикале претставниците на текситлната индустрија и јавно праша која е целта на оваа средба и зошто се случува токму после првиот круг од претседателските избори.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
