Влада: Со Синдикатите се договоривме да најдеме решенија за повисока минимална плата и за унапредување на работничките права
Владата претставена од министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и од советникот на премиерот за труд и социјална политика Милан Живковиќ, денеска разговараше со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и граѓанските синдикати што членуваат во него во врска со синдикалните барања за повисока минимална плата, потребата од конечно воведување на неделата како неработен ден, правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15, за јавниот сектор и за општиот колективен договор за приватниот сектор.
Владините претставници, како што соопшти Владата, ги изнеле владините политички позиции за унапредување на правата и статусот на работниците во Македонија без разлика од кој сектор доаѓаат и уште еднаш ги потенцирале заложбите на Владата за најбрзо обезбедување на денот недела како неработен за сите работници кои имаат потреба од остварување на тоа право, како и за покачување на минималната плата до 18.000 денари најбрзо што може во 2022 година, а со цел покачување до 20.000 денари до крајот на мандатот.
![]()
Министерот Шаќири во име на Владата потенцирал дека обврска на Владата е да го слушне и разбере гласот на работникот и дека оваа Влада секогаш ќе биде отворена и ќе излегува во пресрет на барањата на синдикатите. Министерот изразил целосна подготвеност за реализација на циклус разговори меѓу Владата и социјалните партнери со цел изнаоѓање најсоодветни и изводливи решенија за унапредување на статусот на работниците, вклучувајќи и покачување на минималната плата.
– Владата и синдикатите се согласија работна група да ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
