Влада одлучи: Од 16 август се забрануваат прослави во затворено во рестораните
Владата на вечерашната 97-ма седница, одржана преку видеоконференциска врска, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од коронавирусот донесе одлука за зајакнати контроли на постоечките анти-КОВИД мерки, како и целосна забрана на секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцина, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.
Како што соопшти владината прес-служба, со одлуката до 15 август сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
– За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50 отсто од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи, се наведува во соопштението.
Покрај ова, од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти и кафетерии, вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
– Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст, се додава во соопштението.
Со владината одлука се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ
-
Негативен природен прираст во првото тримесечје - родени 3 526, умрени 5 398
-
До недела променливо време со повремен дожд, а потоа стабилно и топло до 35 степени
-
Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година
-
Претрес во гостиварско, пронајдена пушка и куршуми
-
Сиљановска Давкова: Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ
-
Повредените во „Пулс“ реагираат поради најавено заминување на докторка од Општата болница - Кочани
-
Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење