Влада: Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата
Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, велат од Владата за МИА, по толкувањата во јавноста на изјавата на лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата Али Ахмети околу државните симболи.
-Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат, потенцираат од Владата.
Ахмети во интервју за ТВ Клан, како што пренесоа дел од медиумите, вели дека „се разговарало и за химната и за грбот и за знамето, како и дека овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи