Влада на РМ: Македонија ќе прослави заради деценискиот успех на оваа генерација граѓани
Прославата по повод поканата на Република Македонија за членство во НАТО и по повод датумот за преговори за членство во ЕУ, се организира врз основа на Одлука и заклучоци од Седница на Владата на Република Македонија, одржана на 10.07.2018 година.
Согласно законските прописи Владата започна соодветни постапки за реализација и формираше организационен одбор за одбележување на овој настан предводен од м-р Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.
Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, ангажман на 45 изведувачи коишто ќе настапат во 15 градови ширум Македонија, изработка на промотивни материјали, изработка и печатење на промотивен материјал за информирање на граѓаните (летоци, постери), трошоци за продукција и пост продукција, ќе биде обезбедено од буџетот на Владата на Република Македонија, а сумата ќе биде објавена веднаш штом се завршат сите пресметки.
За прославата се ангажирани исклучиво домашни изведувачи, а изборот на градови е согласно рамномерна географска застапеност.
Концептот подразбира децентрализација, квалитетна и различна музика во многу градови, одлична културна програма. Одлучивме музиката да ја донесеме кај граѓаните. Без автобуси, без списоци, без принуди.
Прославата ја поддржаа и локалните самоуправи, со организациска и логистичка помош.
Информираме дека Владата не се рекламира на медиумите и затоа промоцијата во претстојните три дена се одвива исклучиво преку социјалните медиуми и теренски со печатени материјали.
Македонија заслужи да прослави и затоа ја повикуваме опозицијата да им честита на граѓаните и да не врши притисок врз музичарите кои на најтранспарентен, чесен и професионален начин учествуваат во прославата, врз основа на договори во кои експлицитно е наведено дека ангажманот е за прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО со наслов "Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ".
Македонија е слободна земја и секој граѓанин самостојно одлучува и ќе одлучува за својот став. Опозицијата да се одважи, да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од сеење омраза. Слобода е, секој има право да има став и никој не смее да етикетира граѓани заради изразен став.
Ова е прослава заради остварувањето на децениската аспирација на Македонија и на оваа генерација граѓани.
Македонија има причина да прослави!
Сектор за односи со јавноста, Влада на Република Македонија
Ново на Сител
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид
-
Мицкоски на увид на градежни активности на нова детска градинка во Кисела Вода
-
ЦУК: Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово
-
Сончево и топло со локална облачност, за викендот температурите во опаѓање
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња