-->
-->
Влада на Косово: Израел има право да се брани од нападите на Хамас
-->
Владата на Косово смета дека Израел има право да го штити својот народ од, како што наведува, над 2.000 ракети испукани само од палестинската организација Хамас, во актулениот конфликт меѓу двете земји во Појасот Газа, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на својата официјална страница на Твитер, косовското Министерство за надворешни работи апелира до страните во конфликтот да се воздржат од насилство и да изнајдат мировно решение.
– Како и секоја држава, Израел има право и задача да го заштити својот народ од над 2.000 ракети испукани врз цивилите само од Хамас, кој ги држи во заложништво палестинските цивили во својата борба. Ние тагуваме по сите жртви. Апелираме за воздржаност, прекин на насилствата и изнаоѓање мировно решение, се вели во соопштението на косовското МНР
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
