Влада на Косово: Денешното апсење во северна Митровица е поврзано со убиството на Оливер Ивановиќ
– Владата на Косово објави дека денешната акција за апсење на четири лица е во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и нема врска со актуелните политички случувања, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на косовската Влада, акцијата е спроведена по налог на Специјалното обвинителство на Косово и е целосно согласно законот.
– Владата на Косово ги уверува сите граѓани дека косовската држава и нејзините органи на редот на ниту еден начин и никогаш нема да се насочат против некоја етничка или политичка група, се вели во соопштението.
Владата ги повикува граѓаните, политичките субјекти, градоначалниците, посебно оние во северниот дел, со мнозинско српско население, и другите органи, „да придонесат за одржувањето на јавниот ред, во полза на мирот и стабилноста“.
– Битно е никој да не подлегне на разните дезинформации. Зачувувањето на мирот и почитувањето на законот е во интерес на сите во Косово, се вели во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот