Влада: На 6 февруари амбасадорите на земјите-членки во Северноатлантскиот совет на НАТО ќе дадат согласност за членство на нашата земја во НАТО
Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.
Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.
Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.
Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот.
Влада на Република Македонија
Ново на Сител
-
Полициската управа на Федерацијата БиХ ќе ги проверува наводите дали Радоичиќ набавил оружје од Тузла
-
Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково | ВИДЕО
-
Мицкоски: Да се обединиме зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ковачевски: Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски
-
Радоичиќ сослушан, ги негирал сите кривични дела
-
Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот
-
Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово
-
Мицкоски на средба со туристички работници од Охрид: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде еден од приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ