Влада: МВР да предложи како украинските патнички возила без зелен картон да влегуваат во земјава
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами да го покријат надоместокот.
- Владата го задолжи МВР, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Северна Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Северна Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите, информира владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
