Влада: Ќе се преиспитува проектот за Клинички центар и користувањето пари од ИПА
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со која му укажува на Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор и деловен простор да одвои средства во висина од 7 милиони денари од приходите за итна набавка на клима уреди за потребите на Телеком Арената во Скопје на којашто треба да се одигра натпреварот во рамки на УЕФА Супер купот.
На претпријатието, како што се посочува во соопштението од Владата, му се укажува останатите 4 милиони денари да ги резервира наменски за евентуални дополнителни тековни потреби.
На седницата на Владата е информирано дека е договорено и со ФФМ да обезбеди резервни 5 милиони денари.
- Со тоа се создадени услови за довршување на реконструкцијата на стадионот и за одржување на меѓународниот натпревар согласно стандардите на УЕФА, за што тим на организацијата ќе дојде следниот месец во земјава да направи проверка, се наведува во соопштението од Владата.
На седницата е разгледана и информацијата од Министерството за здравство за изградба на новиот Клинички центар во Скопје при што се констатирани повеќе проблематични делови во врска со постапката, локацијата и други прашања поврзани со проектот. Донесена е одлука премиерот, министерот за здравство и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања да одржат состанок со претставници на Европската централна банка за да се изнајде соодветно и трајно решение за новиот Клинички центар како значајно прашање за потребите на граѓаните.
Донесена и е одлука да бидат формирани три координативни тела што ќе бидат посветени на постигнување поголеми резултати во ангажираноста на домашните компании при реализацијата на странските инвестиции, на анализата на мерките за привлекување странски инвестиции, како и на мерките за консолидација на енергетиката со цел реализација на квалитетна државна енергетска стратегија.
Разгледана е и информацијата за користењето и имплементацијата на ИПА фондовите, при што се задолжени повеќе министерства и правосудни органи да достават статуси за исполнување на предусловите за користење на ИПА фондовите, да организираат состаноци на високо ниво за целосно искористување на ИПА I во правосудниот сектор, како и со цел зајакнување на административниот капацитет на повеќе институции. Задолжени се сите институции кои набавиле возила преку европски фондови/ИПА средства во последните 3 години, да подготват и достават извештај, со број на набавени возила, употребна состојба на возилата и корисник, до Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 29.06.2017 година. Исто така на владината седница е заклучено Секретаријатот за европски прашања до крајот на јули да излезе со информација за досегашната вкупна искористеност на ИПА фондовите од страна на институциите во земјава, како и можните злоупотреби на пари од овие фондови.
На денешната владина седница разгледан е и извештајот за работата на Инспекцискиот совет. - Поради констатирани злоупотреби на инспекциски служби, донесен е заклучок за утврдување стратегија со слабостите и предностите во функционирањето на Инспекцискиот совет во функција на негова објективна и непристрасна работа, информира владина прес- служба
Ново на Сител
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори